Експерт: „Настапи најопасниот период на конфронтацијата на НАТО со Русија“

Иднината на односите меѓу Русија и НАТО за Yenicag.Ru ја коментираше рускиот експерт Алексеј Фененко.

„Денес обновата на воениот дијалог меѓу Русија и НАТО е неопходна, но малку реална. Политичарите често велат дека Европа се вратила во „состојба на студена војна“. Но таквата прогноза пати од претеран оптимизам. Во годините на „студената војна“ во Европа настанаа моќни механизми за спречување на војната: Хелсиншкиот акт од 1975 година, кој го воведе самиот термин „мерки на доверба“,  Стокхолмскиот договор на КЕБС за правилата на вршење на воена дејност во Европа (1986), Договорот за конвенционалните вооружени сили во Европа (1990). Последен во оваа низа беше „Основниот акт Русија-НАТО“. Сепак, за изминатите 20 години сите договори пропаднаа.

Најсериозни беа неуспехот на ДКВСЕ и „Основниот акт Русија-НАТО“. ДОВСЕ е мртов од пролетта 2015 година, кога пропадна координативната група за овој договор. „Основниот акт“ незабележително умре на 27 мај 2017 година. Тој автоматски се продолжува на секои 10 години, ако страните немаат против, но во декември 2015 година Полска стави вето на неговото автоматско продолжување. А покрај тоа, според условите на Актот НАТО изјави дека нема намера да распоредување нуклеарно оружје и големи воени контингенти. Сега тоа го нема. Ние стапивме во Европа без правила за воена дејност.

Како резултат може да стане милитаризацијата на „меѓуморјето“ – Балтичко-Црноморскиот регион. Но овој регион не е Германија од ерата на „студената војна“. Таму имаш цврста поделба најпрвин на окупирани зони, потоа на сфери на влијание. Балтичко-Црноморскиот регион е преполн со реални и потенцијални воени конфликти.  Голем е ризикот дека неговата милитаризација ќе доведе до воен судир на Русија и НАТО. Најпрвин тој може да почне како локален конфликт - според примерот на ограниченото учество на САД во „Петдневната војна“ меѓу Русија и Грузија во 2008 година. Можеме ли да гарантираме дека конфликтите во Балтичко-Црноморскиот регион нема да прераснат во нив поради случаен истрел или поради постепена ескалација.

Практично ние се враќаме не во „студената војна“, ами во попасен период – Европа пред Првата светска војна. Ќе потсетам дека таа почна меѓу потполно демократски држави кои во услови на криза брзаа што побрзо да ги активираат предвоените планови за мобилизација за да се претекнат едни со други. Сега најопасно е сценариото за постепена ескалација според примерот на Босанската или Сириската војна. Страните влегуваа во нив постепено – преку многу привремени стадиуми меѓу војна и мир. Можеме ли да гарантираме дека слично нешто нема да се случи и во Балтичко-Црноморскиот регион? Гаранции засега нема, поточно – ги има сѐ помалку и помалку... Надежите дека администрацијата на Трамп ќе почне дијалог за тоа не се оправдаа“, заклучува Фоненко, пренесува Yenicag.Ru.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња