Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков изјави дека Кремљ нема никакви информации за претстојни хемиски напади во Сирија.
„Не ми е позната каква било информација за опасност од употреба на хемиско оружје. Со точна информација не располагам, мислам дека моите колеги од специјалните служби и Министерството за одбрана, ако имаат, ќе ја споделат таквата загриженост“, изјави Песков, коментирајќи ја изјавата на Белата куќа во врска со наводните потенцијални докази кои ги има американската администрација дека владата на Сирија подготвува хемиски напади. Тој додаде дека претходно повеќепати беа документирани случаи на примена на хемиско оружје од страна на милитантите-терористите на ИД и другите групи, затоа, веројатно, потенцијалната опасност од повторување на слични ситуации постои.
Што се однесува на соопштението на Белата куќа, Песков забележа дека Кремљ слушнал за тоа. „Ние не знаеме што е причината за ова“, додаде тој. „Се разбира, ние категорично не се согласуваме со формулацијата „уште еден напад“, бидејќи како што знаете, и покрај сите барања на руската страна, непристрасна меѓународна истрага на претходната трагедија со примена на хемиски отровни материи не беше спроведена и соодветно на тоа ние не сметаме дека е можно да се префрла одговорноста врз сириските вооружени сили“.
Портпаролот на рускиот лидер потсети дека Кремљ постојано се држи до линијата и ја брани тезата дека без истрага да се обвинува Башар Асад „не е можно, не е легитимно и е апсолутно не е точно од аспект на постигнување на крајната цел за сириското решение“. „Се разбира, некакви закани за легитимното раководство на Сириската Арапска Република ние, исто така, ги сметаме за неприфатливи“, изјави Песков, нагласувајќи притоа дека Русија, исто така, ја смета за „апсолутно недопустлива и неприфатлива употребата на хемиско оружје“, пренесува ТАСС.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче