„Генотек“: Една петтина Руси се роднини на кралицата Елизабета

Една петтина Руси се генетски поврзани со династијата Виндзор, на која ѝ припаѓаат кралицата на Велика Британија Елизабета и децата на Николај II, како и со Марија Медичи, кралицата на Франција.

Ова го соопшти прес-службата на компанијата Genotek, пренесува РИА „Новости“.

До таков заклучок научниците дојдоа со помош на митохондријална ДНК – сегмент на геномот кој се содржи во митохондриите.

Експертите успеаја да анализираааат повеќе од 2,5 илјади геноми. Како што се покажа, повеќето Русија по мајчина линија спаѓаат во митохондријалната група H. Во таа група, покрај 20% Русија, спаѓаат и многу познати личности, вклучувајќи ги британската кралица Елизабета II, Марија Медичи, сопругата на Анри IV Бурбонски, крал на Франција на крајот на XVI век. Во групата влегуваат и децата на Николај II, последниот цар на Русија, кои ја наследиле митохондријалната ДНК од царицата Александра Фјодоровна, внука на познатата британска кралица Викторија.

Од машка страна ситуацијата е поинаква – околу 25% Руси припаѓаат на хаплогрупата R1a1, која настанала, според разни теории, или во степите на Прикаспието, или на Алтај, или во Централна Азија пред околу 35-30 илјади години. Дел од неа се Том Хенкс, Френсис Дрејк, кралот на Холандија Вилијам-Александар, Никита Михалков.

Нивните предци се појавиле на Блискиот Исток и во југозападна Азија пред околу 30 илјади години и се доселиле во Европа пред 25-20 илјади години. Денеска нивните потомци го чинат мнозинството население на Европа.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња