„Ди Велт“: Путин ја извади својата „империја“ од финансиската изолација

И покрај лошите односи со Западот санкциите на САД, рускиот претседател Владимир Путин успеа да ја извади својата земја од финансиската изолација, пишува „Ди Велт“. Тој успеа да најде инвеститори на меѓународниот финансиски пазар и да обезбеди мултимилијардна подршка, вели авторот на статијата Холгер Чепиц. Според германскиот новинар, за Русија ова е „момент на пресврт“.

Рускиот претседател Владимир Путин сигурно не ѝ верува на својата среќа, пишува „Ди Велт“. Тој оствари голема победа, иако многумина не веруваа во него. Изминативе години шефот на Кремљ „се избори за своето место на меѓународната сцена“, меѓутоа неговата „империја“ продолжи да доживува економски тешкотии, објаснува авторот Холгер Чепиц. По Кримската криза и падот на цените на нафтата во земјата започна рецесија. Покрај тоа, Русија изгуби пристап до „свежи“ пари на пазарите на капитал, истакнува изданието.

Но, сосем неодамна ситуацијата се смени, продолжува „Ди Велт“. На Путин „му успеа трикот“ и тој повторно успеа да најде инвеститори. „Кремљ со леснотија заработи три милијарди долари на финансиските пазари“, пишува авторот, при што го направи тоа во периодот на влошување на односите со Белата куќа.

„Посимболично Русите и не можеа да ја покажат својата сила“, заклучува авторот. Штом Американците ги засилија санкциите против Русија, Кремљ веднаш пласираше на пазарите свои обврзници. Згора на тоа, продажбата беше направена од страна на државната банка „ВТБ Капитал“, која се наоѓа на листите на санкции и на двете страни од Атланскиот океан, истакнува изданието. 

Успешната зделка првиот човек на ВТБ Андреј Костин ја нарече победа на економската рационалност над геополитичките ограничувања. Според него, инвеститорите се свестија дека санкциите не се фактор на дефинирање ако кредитните услови се привлечни.  

Овој развој на настаните покажува дека Кремљ, очигледно, може да „со леснотија да ги заобиколи западните санкции“, зашто секогаш ќе се најдат инвеститори, подготвени да склучат профитабилна зделка, објаснува изданието. Успешната продажба стана „момент на пресврт“, истакнува авторот, затоа што, во суштина, на Путин му успеа да го подигне кредитниот рејтинг на земјата да ја изнесе од финансиската изолација. 

Без оглед на ниските цени на нафтата, експертите сметаат дека во Русија ризикот од несолвентност изнесува само 11%. Ова се должи на фактот што руската економија излезе од рецесија. Оваа година нејзиниот раст би можел да изнесува 1,2%, а догодина – 1,6%. Притоа износот на девизните резерви надмина 400 милијарди долари. Според Шепиц, Путин ги има сите причини да им се радува на успесите на финансиските пазари. Тој „му се смее в лице на Западот“, заклучува авторот, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња