„Важно е само да се напомене дека без разлика што ќе се случува - се разбира, треба уште да се види со што ќе резултира ова - но, независно од тоа какви одлуки да се донесат преку океанот, тоа нема да нè стави во ќорсокак“, изјави Путин, пренесува „Взгљад“.
Според него, во случај да бидат воведени, нешто ќе мора да се „коригира“ и „дополнително да се направи“, како да се обрне дополнително внимание на некои сфери. Сепак, рускиот претседател смета дека построгите санкции „нема да доведат до ќорсокак или некаков колапс“.
„Но тоа, се разбира, ќе ги комплицира руско-американските односи“, предупреди шефот на руската држава, додавајќи дека ја смета таквата политика за штетна.
Во исто време, според него, прерано е да се зборува за какви било одмазднички чекори од Москва.
„Треба да се види како ќе заврши ова“ заклучи Путин.
Во петокот беа соопштени детали од новиот закон на САД за нови санкции против Русија кој засега не е потврден од американскиот претседател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче