Според зборовите на Павел, оцената за заканата се заснова на два елемента – можностите и намерите. Притоа, кога се работи за можностите, тогаш „нема сомнеж“ дека Русија го развива својот потенцијал како во традиционалните, така и во нуклеарните компоненти на вооружувањето, изјави генералот, соопштува „Политико“.
Според Павел, кога станува збор за маневрите, тогаш нема сомнеж дека Русија има способност да распореди сили на големи растојанија и ефикасно да ги применува доволно далеку од нејзината територија.
„Кога работата се однесува на намерите, такво поимање нема, затоа што не можеме јасно да кажеме дека Русија има агресивни намери против НАТО“, додаде Павел, пренесува „Лента.ру“.
Сепак, тој го истакнува зголемувањето на военото присуство на Русија и се повикува на соопштенијата за распоредувањето на интерконтиненталните балистички ракети, способни да носат нуклеарно оружје, во Калининградската област и на Крим.
Павел потенцира дека Алијансата прави сѐ што може „за да биде подготвена како од аспект на можностите, така и на готовноста, да ја пресретне секоја потенцијална закана“, потсетувајќи на „ситуацијата со Крим и источна Украина“. Според него, тоа не треба да се повтори со никого од натовските сојузници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче