Анкета: Светот повеќе му верува на Путин отколку на Трамп

Според истражувањето, 27% од испитаниците сметаат дека рускиот лидер „прави правилни работи на меѓународната сцена“.

Претседателот на Русија Владимир Путин има во светот повеќе кредибилитет од неговиот американски колега Доналд Трамп. За ова сведочат објавените во понеделникот резултати од анкетата спроведена од страна на вашингтонскиот истражувачки центар Pew Research Center на 40 илјади луѓе во 37 земји на сите пет континенти.

Според истражувањето, 27% од испитаниците имаат доверба во рускиот лидер и сметаат дека тој „прави правилни работи на меѓународната сцена“.

Речиси исто толку - 28% - изнесува рејтингот на доверба спрема претседателот на Кина Си Ѓинпин. Притоа само 22% од испитаниците сметаат дека „правилна политика во сферата на меѓународните односи“ води и шефот на американската администрација. Највисок рејтинг на глобална доверба - 42% има германската канцеларка Ангела Меркел.

Огромно мнозинство од учесниците во истражувањето го нарекуваат Трамп арогантен (75%), нетрпелив, (65%), па дури и опасен (62%). Во исто време 55% од испитаниците го оценуваат американскиот претседател како „силен лидер“, додека 39% го сметаат за „харизматичен“, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња