Шредер: Мирот во Европа е можен само при добри односи со Русија

Германија мора да работи над обновата на добрите односи со Русија.

Ваков апел упати поранешниот германски канцелар Герхард Щредер за време на конгресот на Социјалдемократската партија во Дортмунд, соопшти ТАСС. 

„Мирот и стабилноста на нашиот континент, кои се дел од колективната свест на германскиот народ, се можни само ако имаме разумни, добри односи со нашиот голем сосед Русија“, изјави тој.

Според него можат да се постигнат многу подобри резултати во ова, во споредба со она што го имаме во моментов. Шредер изрази надеж дека актуелниот лидер на социјалдемократите и кандидат за канцелар Мартин Шулц, во случај на победа на изборите за Бундестагот, ќе работи над овие односи.

Поранешниот лидер на германскиот кабинет исто така ја критикуваше политиката на американската администрација на чело со Доналд Трамп. „Ние треба да се соочиме со Трамп“, повика тој, и појасни дека ја има предвид политиката на Вашингтон во областа на одбраната и трговијата. Според него „САД ја користат својата политичка моќ за да го заземаат првото место во меѓународната трговија“.

Социјалдемократската партија на Германија три месеци пред изборите за Бундестагот одржува во Дортмунд вонреден конгрес, на кој планира да ја зацврсти својата предизборна програма. Во моментов, според податоците на социолозите, партијата располага со околу 24% поддршка од германските граѓани. Основен нејзин конкурент се конзервативците на чело со Ангела Меркел, за кои се подготвени да гласаат околу 40% од избирачите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња