Јосиф Сталин е најистакната личности во руската историја за сите времиња. Ова го покажа истражувањето на социолозите од „Левада центар“, пренесува Интерфакс.
Сталин е на прво место на листата - тој е сметан за највидна личности во историјата со 38% од испитаниците. Претседателот Владимир Путин е на второ место со 34%, а исто толку Руси го избираат големиот руски поет Александар Пушкин. Следуваат Владимир Ленин со 32% и Петар I со 29%.
Во слична анкета во 2012 година првите пет места на листата ги заземаа истите личности - Сталин беше на прво место со 42%, следен од Ленин и Петар I со 37%, Пушкин со 29% и Путин со 22%.
Оваа година во топ 10 влегоа и Јуриј Гагарин со 20%, Лев Толстој со 12% во однос на 24% во 2012 година, Георгиј Жуков со 12%, Екатерина II и Михаил Лермонтов со по 11%.
Збирот од процентите на сите одговори надминува 100%, бидејќи испитаниците имале право да даваат повеќе од еден одговор.
Анкетата е спроведена од 7 до 10 април меѓу 1.600 луѓе на возраст над 18 година во 137 населени места во 48 региони во Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче