Една третина од населението на Украина ја поддржуваат идејата на рускиот јазик да му биде доделен статус на државен. Ова го покажуваат резултатите на испитувањето на јавното мислење кое беше спроведено од страна на социолошката група „Рејтинг“.
„Две третини од анкетираните не ја поддржуваат идејата за тоа рускиот да стане државен јазик, 30% ја поддржуваат, а 7% се неопределени“, се вели во соопштението до медиумите.
Во него се забележува дека во последниве две години во Украина се забележува минимален пораст на поддршката за давање на статус на државен јазик на рускиот. Оваа идеја наоѓа на најголема поддршка на истокот и на југот од Украина, а исто така и во големите градови.
Анкетата е спроведена во периодот од 22 до 31 мај кај полнолетното население на територијата на цела Украина. Вкупно биле анкетирани три илјади лица, а статистичката грешка не надминува 1.8%.
Претходно во Радата беше предложен предлог-закон за државен јазик, во кој се предвидуваше користење исклучиво на украинскиот јазик практично во сите сфери на животот на земјата. Се предвидува украинскиот јазик да стане задолжителен за органите на државната власт и за локалната самоуправа, а исто така и за сите образовни институции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче