Мутко: Вонземјани нема да играат за руската репрезентација

„Утре нема да имаме други фудбалери! Тоа е нашиот главен тим! Вонземјани нема да дојдат да играат за руската репрезентација“, рече Мутко

На руската фудбалска репрезентација ѝ е потребна поддршка, а не постојана критика. Националниот тим нема други играчи. Ова го изјави потпретседателот на руската влада и претседател на Рускиот фудбалски сојуз Виталиј Мутко.

„Утре нема да имаме други фудбалери! Тоа е нашиот главен тим! Вонземјани нема да дојдат да играат за руската репрезентација“, ја пренесува изјавата на Мутко изданието Взгљд.

„Би сакал екипата да добие поддршка“, додаде Мутко.

Тој смета дека навивачите треба да бидат повнимателни во своите оцени. Околу репрезентацијата, истакна тој, треба да се создаде атмосфера на поддршка. „Фудбалерите се млади луѓе, сите тие ги читаат изјавите на Интернет“, рече Мутко.

Потпретседателот на руската влада истакна дека стручна оцена може да даде, на пример, фудбалерот Александар Кержаков, „кој има дадено стотина голови“, „тој на тоа има целосно морално право“. „Но, има луѓе кои целата кариера ја поминале во кафеани, а даваат оцена дека тоа и тоа не чини“, рече Мутко.

Претседателот на Рускиот фудбалски сојуз рече дека некои луѓе едноставно сакаат постојано да бидат против. Таквите луѓе, според него, „доаѓаат на стадион со фотоапарат и трагаат по она што не чини: некаде не работи лифтот, некаде не може да се затвори вратата на тоалетот“. „Тоа е како рефлектор од времето на перестројката, се сеќавате, имавме таков? Тој цело време бие во нас. Но, ние исто така го гледаме недостатоците и се трудиме да ги отстраниме“, додаде Мутко.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња