Путин на спојувањето делови на Турски тек во Црното Море

Првиот човек на Руската Федерација Владимир Путин денес на специјализираниот брод „Пајниринг Спирит“ се вклучи во процесот на спојувањето на плитководниот и длабинскиот дел на гасоводот Турски тек во Црното Море.

Рускиот претседател Владимир Путин во петокот (23 јуни) се вклучи во процесот на спојувањето на плитководниот и длабинскиот дел на гасоводот Турски тек во Црното Море, соопшти „Взгљад“.

Церемонијата го симболизира завршувањето на изградбата на плитководниот дел од проектот и почетокот на работата во длабочините на Црното Море. Заварувањето на цевките е целосно автоматизирано и се врши на специјализираниот брод „Пајниринг Спирит“ (Pioneering Spirit). Заварување на еден шев трае околу 10 минути.

Путин пристигна на бродот со хеликоптер претходно во петокот. Оттаму тој разговараше со турскиот колега Реџеп Ердоган и му соопшти за активностите во врска со длабинскиот дел на Турски тек во Црното Море.

Според планот Гаспром треба да го стави во употреба морскиот дел на Турски тек до крајот на 2019 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња