Захарова: Плановите на МОК за санкции против Русија се политичка нарачка

Портпаролот на МНР на Русија Марија Захарова изјави дека одлуката на Меѓународниот олимписки комитет за воведување санкции против Русија е политизирана.

„Целата приказна во однос на допингот беше политизирана од почеток до крај, тоа е очигледно“, изјави таа во текот на брифингот за новинарите, пренесува ФАН.

Според неа, МОК не презентирал никакви докази за тоа дека руските спортисти употребувале допинг на Олимпијадата во Сочи во 2014 година.

„Тоа беше конкретна политичка нарачка, кампањата беше отворена, тие ја прогласија за јавна, спортот беше еден од предметите на политичкиот напад“, потенцираше Захарова.

Претходно претседателот на Меѓународниот олимписки комитет Томас Бах во интервју за „Њујорк Тајмс“ раскажа за плановите на комитетот да воведе санкции против Русија.

Зборувајќи за превентивните мерки кои Русија може да ги преземе во борбата против допингот, Бах изјави дека тоа нема да ѝ помогне за избегнување на казнени санкции за инциденти кои веќе се случиле.

Санкциите, според него, треба да бидат воведени не подоцна од октомври 2017 година, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња