Во Германија почна изградбата на „Северен тек 2“

Германски компании почнаа со изведување на работите за изградба на гасоводот „Северен тек 2“.

Германските NEL Gastransport, Fluxys Deutschland и Gasunie Deutschland почнаа со проширувањето на цевководите на првиот од најавените гасоводи кои ги соединуваат „Северен тек“ со Германија и другите земји. Европската мрежа на систем-оператори за транспорт на природен гас (ENTSOG) која раководи со европскиот систем за транспорт на гас по половина година од приемот на барањето го одобри проектот. Ова го соопштува „Лајф повикувајќи се на соодветниот документ објавен на страната на ENTSOG.

Се работи за приемниот терминал Грајсвалд, местото на идниот влез на „Северен тек 2“ во системот за транспорт на гас на Германија, тука излегува на копно и „Северен тек 1“. Засега капацитетот на терминалот изнесува околу 60 милијарди кубни метри, но колку ќе се зголеми по завршувањето на проектот, не е дефинирано во извештајот. Според ENTSOG, операторите на цевководите веќе имаат добиено одобрение од германскиот регулатор Бундеснецагентур и планираат да го завршат проширувањето на терминалот до крајот на оваа година.

Засега ова е првиот од трите проекти кои беа најавени од страна на европските оператори уште на почетокот на годината како дел од почетокот на проектот на „Гаспром“. Останатите, според ENTSOG, сѐ уште се во процес на сертификација кај германскиот регулатор: тоа е проектот за гасоводот Eustream (оператор Gascade, година на пуштање во работа - 2019), кој се смета за дупликат на гасоводот OPAL и проширувањето на гасоводот NEL, западниот крак на OPAL (оператори Gasunie и Fluxys NEL, пуштање во работа - 2020 година). Токму преку OPAL во моментов влегува поголемиот дел од рускиот гас во ЕУ, но поради ограничувањата на Европското законодавство (Третиот енергетски пакет) „Гаспром“ може да користи само половина од вкупниот капацитет на гасоводот, пишува „Експерт.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.