Иако имаат различни мислења за ситуацијата во Украина, францускиот претседател изјави дека „го почитува Путин“.
За рускиот лидер Макрон смета дека целта му е да ја оживее голема Русија, бидејќи тоа е она што, според неговото мислење, е услов за опстанокот на земјата. Ова го тврди францускиот претседател Емануел Макрон во своето интервју за европските водечки изданија, меѓу кои и „Фигаро“.
Во исто време, според Макрон, рускиот претседател не сака да го ослабне Западот. Според него, тензиите меѓу Русија и Западот можат да се надминат „ако се води заедничка борба против тероризмот во Сирија“.
Макрон смета дека и самата Русија страда од тероризмот и изразува сомнеж дека пријателството меѓу Путин и сирискиот лидер Асад е апсолутно. Долго време Западот не може да најде решение за прашањето на статусот на Асад, но „Асад не е наш непријател, тој е непријател на сирискиот народ“, смета францускиот претседател, пренесува RT.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче