Москва изгледа не очекуваше дека Макрон ќе се пробие, пишува Les Echos.
Но, без оглед на настанатата атмосфера на недоверба која ќе надвиснува на односите на новиот француски претседател и Русија, мостовите во ниту еден случај не се урнати, пишува новинарот Бенжамен Канел.
Според него Емануел Макрон испраќал сигнали дека е отворен за „независен“, но „постојан“ дијалог со Москва. Така, во врска со Сирија зборуваше дека барањето за тоа Асад да поднесе оставка ја блокира можноста за одржување преговори.
Освен тоа, како француски министер за економија Емануел Макрон минатата година во својот престој во Русија даде низа оптимистички изјави, кога на пример ја вброи Руската Федерација во стратешките меѓународни интереси на Франција.
Авторот на текстот предлага Париз сега да го направи првиот чекор, и, да кажеме, да испрати некој министер на економскиот форум во Санкт Петербург. Во последниве три години на него немаше ниту еден висок претставник на Франција, а Макрон зборуваше за тоа дека ситуацијата треба да се смени, потсетува Канел во написот во Les Echos, а пренесува порталот на телевизијата РТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче