Француските медиуми воодушевени од двајца бестрашни Руси

Шефот на делегацијата на „Рособоронекспорт“ заедно со неговата сопатничка се пресмета со бандити во центарот на најопасниот реон на Париз, пишуваат француските медиуми.

Министерството за надворешни работи на Франција доби нота од руската амбасада во Париз со барање темелно да се истражи нападот врз автомобилот на шефот на делегацијата на „Рособоронекспорт“ Сергеј Корнев. Инцидентот се случил во вторникот вечерта на воздухопловниот саем во Ле Бурже, а целта на нападот била обична кражба.

Крадци се обиделе да ја земат торба на возачот која тој ја ставил на седиштето, изјави портпаролот на руското МНР Марија Захарова. Според неа, членот на руската делегација успеал да ја „неутрализира ситуацијата“, иако притоа се здобил со ситни повреди.

Француските медиуми, меѓутоа, оваа епизода ја опишуваат многу поживописно. Според нивните информации, автомобилот се наоѓал во еден од најопасните реони на Париз - Сен Дени. Двајца криминалци се доближиле на скутер до автомобилот додека овој стоел на семафор, го скршиле прозорецот и ја зеле торбата, патем заканувајќи се, а потоа се обиделе да побегнат, пренесува порталот „Ридус“. 

Меѓутоа, париските крадци не знаеле дека во автомобилот се наоѓа гостинот од Русија, а дека жената зад воланот е негов телохранител. Функцијата на Русинката не им е точно позната на француските медиуми: според информациите на Valeurs Actuelles, тоа била „специјална претставничка на Министерството за одбрана“, а според верзијата на  Le Point „претставничка на сообраќајна компанија која ја претставува руската влада“. Во секој случај, за париските читатели приказната за човекот „од руската влада“ кој се осудил да им пружи отпор на агресивните мигранти на нивна територија звучи фантастично и би можела да стане основа за игран филм.

Во продолжение на приказната автомобилот на рускиот функционер лета по скутерот низ цел град, додека не дојде до дувлото на бандитите. Според локалните жители, таму не влегува ни француската полиција. Но руските гостите тоа не можеле да го знаат.

Бесни поради безобразието на крадците, Русите излегле од автомобилот и ги фатиле за јака момчињата. За тоа време на местото на настанот се собрале околу 50 луѓе од реонот, локални луѓе од кои се плашат полицијата. Пред нивните очи рускиот функционер и неговата сопатничка им ја одземаат драгоцената торба. Според медиумите, тие притоа делеле пцости и удари, при што особено се покажала на дело дамата од обезбедувањето.

Веста предизвика бурна реакција кај Французите затоа што конечно се најде некој да им пружи отпор на бандитите-мигранти. Многумина Парижани на социјалните мрежи почнаа да се присетуваат како и тие биле ограбени на истиот начин.

„Храброста и смелоста се она што недостасува во секојдневниот живот на нашата технократска држава“, заклучи еден од интернет-корисниците во својот коментар. Други предлагаа да почне соработка меѓу двете земји во борбата против криминалот: „Макрон треба да се обрати до Путин и неговото богато искуство за да ги смири нашите предградија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња