Експерт: Германија во 1941 година не се подготвуваше за долготрајна војна

Нападот врз Советскиот Сојуз на 22 јуни 1941 година (операцијата „Барбароса“) од страна на нацистичка Германија, според историчарите, беше неизбежна фаза на германската експанзија во Европа.

Нападот врз Советскиот Сојуз на денешен ден пред 76 години резултираше со страшна трагедија во која настрадаа двесте милиони луѓе. Како дел од планот „Барбароса“, нацистичка Германија ги концентрираше своите најдобри сили на Источниот фронт. Според историчарите, агресијата врз Советскиот Сојуз беше неизбежна фаза на германската експанзија во Европа, се вели во текстот на Алексеј Заквасин за

Во неговата опширна анализа на причините за Големата Татковинска војна и подготовката на нацистичкиот блицкриг авторот на статијата разговараше со претседателот на Научниот совет на Руската воено-историско друштво  Михаил Мјагков.

Експертот потсетува дека „поробувањето на советскиот народ беше дел од идеолошката доктрина на Третиот рајх“.

Освојувањето на Советскиот Сојуз Хитлер го доживуваше како еден од клучните чекори во насока на остварување на превласт во Европа и светот, смета соговорникот на RT.

„Принципот Drang nach Osten (Продор на Исток) е промовиран во книгата на Хитлер „Мајн кампф“  (Мојата борба) 1925 година. Советскиот Сојуз беше извор на природни ресурси и идеолошки противник. Сè што Хитлер правеше до јуни 1941 година беше практично подготовка за битката на Исток“, смета Мјагков.

„Планот „Барбароса“ беше осмислен до детаљ. На Германците им појдоа од рака првите две недели многу нешта. Меѓутоа, тие сметаа дека советската армија и народот ќе бидат демотивирани од поразите, а владата ќе капитулира. Тоа беше суштината на идејата за блицкриг, Германија не се подготвуваше за долготрајна војна“, објаснува експертот.

Според него, нацистите сметале дека Советскиот Сојуз ќе падне под налетот на Вермахтот. „Германците ги ценеа постојаноста и храброста на рускиот војник, меѓутоа, беа убедени дека тој не е способен да се самоорганизира. Исто така, се сметаше дека советските граѓани нема да се обединат околу државата и личноста на Сталин“, истакнува тој.

Мјагков децидно го отфрла толкувањето дека пред 76 години се судриле два тоталитарни света - национал-социјалистичкиот и комунистичкиот. Според него, до таквиот став во врска со трагедијата на советскиот народ се држат западните историчари и некои руски политолози.

„Ми се чини дека на Запад и на некои од нас им е незгодно да признаат дека Советскиот Сојуз ги бранеше хуманистичките вредности на европската цивилизација. Нацистите водеа војна до уништување, не само на комунизмот или на демократијата колку на културата во целина, на сето она што секој нормален човек го смета за вредно“, вели Мјагков.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња