Екс-шеф на разузнавањето на ДРГ: Нуклеарките на Русија спречуваат војна

„Распоредувањето на силите на Алијансата во балтичките земји, до руските граници, јасно покажува кои се всушност намерите на НАТО“, изјави екс-шефот на разузнавањето на поранешна Источна Германија Вернер Гросман.

Да не беше Русија нуклеарна држава, Западот одамна ќе почнеше војна против неа, изјави поранешниот шеф на разузнавачката служба на Источна Германија (Германската Демократска Република) Вернер Гросман.

„Денеска останува опасноста од војна, дури и во Европа, и е насочена пред сѐ против Русија. Да немаше нуклеарно оружје, војната одамна ќе почнеше“, рече Гросман. Според него, на Запад е „многу силна антируската тенденција“, а одбранбената политика на Москва е, според неговото мислење, правилна, пренесува „Взгљад”.  

Според Гросман, Русија се придржува до принципот „Ако сакаш мир, подготвувај се за војна“, со тоа што целите на владејачките кругови на Запад не се сменети во споредба со ерата на студената војна. Токму затоа, според него, дошло до враќање на старата конфронтација со Москва.

„Нивните интереси се сѐ уште насочени кон исток. Ако Русија не го наследеше од СССР вооружувањето, вклучувајќи го и нуклеарното, војната веројатно ќе почнеше“, смета тој.

„Распоредувањето на силите на Алијансата во балтичките земји, до руските граници, јасно покажува кои се всушност нивните намери“, изјави Гросман.

Тој го поддржува присоединувањето на Крим кон Русија, одбивајќи да го нарече тоа „анексија“, затоа што Крим „отсекогаш беше руски“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња