Белата куќа го повика Конгресот да ги омекне санкциите против Русија

Администрацијата на Tрамп не се согласува со одредбата која нема да му дозволи на претседателот да ги укинува санкциите против Москва.

Администрацијата на претседателот на САД Доналд Трамп се обидува да добие од републиканците во претставничкиот дом омекнување на санкциите против Русија кои беа одобрени од страна на Сенатот, соопштува „Њујорк Тајмс“. Конкретно, тоа се однесува на одредбата во предлог-законот која „нема да му дозволи на претседателот да ги укинува санкциите против Москва“, пишува весникот.

Предлог-законот треба биде одобрен од страна на претставничкиот дом, а потоа да оди на потпис кај претседателот. На тој начин, истанува изданието, „републиканците во претставничкиот дом, обично воинствено расположени против Русија, се соочуваат со избор меѓу демонстрација на цврста линија против Москва и желбата да се избегне непотребна потенцијална конфронтација со сопствениот претседател“.

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека администрацијата засега не е подготвен да ја изрази својата позиција во однос на предлог-законот на Сенатот, вклучувајќи го и прашањето за тоа дали претседателот ќе стави вето ако законот стигне до него за потпис.

Во исто време изданието пишува дека еден од високите претставници на администрацијата под услов да остане анонимен објасни: не станува збор за тоа дали Белата куќа е против санкциите, туку се залага против ограничувањето на власта на претседателот во политиката на санкции.

Весникот потсетува дека во текот на сослушувањата во Конгресот минатата недела, државниот секретар на САД Рекс Тилерсон истапи против новите санкции „кои ќе ги поткопаат напорите на администрацијата за изградба на нови дипломатските канали за врски со Русија“, пренесува „Интерфакс“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња