Медиум: Белата куќа сака да го ублажи законот за антируските санкции

Белата куќа сака да го омекне новиот закон за санкции против Русија, пишува „Политико“.

Белата куќа планира да ги „поттурне“ републиканците во Претставничкиот дом за да внесат во законот за нови санкции против Русија измени кои ѝ одат на рака на администрацијата на Доналд Трамп. Ова го пишува весникот „Политико“ повикувајќи се на извор на функционер во администрацијата.

Администрацијата е загрижена поради тоа што законот во сегашната форма „ќе му ги врзе рацете на Трамп во руско-американските односи“. Притоа демократите ќе одат на екстремни мерки во обидот да ја задржат контролата над дијалогот со Москва и ќе се обидуваат да ги направат рестриктивните мерки неефикасни. Во тековната верзија документот, за кој гласаа 98 сенатори од 100, се ограничува правото на претседателот на САД да ги укине санкциите, објаснува „Политико“.

Белата куќа ја поддржува политика во однос на Русија и е сигурна дека има сојузници во Сенатот, кои исто така се загрижени за можноста од преседан кој ја ограничува контролата на извршната власт над санкциите, изјави изворот. Притоа, пишува изданието, засега е нејасно како Републиканската партија ќе ги прима барањата од Белата куќа за враќање на некои од овластувањата на Трамп во однос на санкциите, пренесува „Лента.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња