Три руски универзитети меѓу 200 најдобри во Европа

Најдобро пласираниот универзитет на листата на „Високо образование на „Тајмс“ е Московскиот државен универзитет „Ломоносов“.

Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ (МГУ) го зазема 93 место на рејтингот на најдобри универзитети во Европа. Листата ја состави изданието „Високо образование на „Тајмс“ (Times Higher Education (THE).

Меѓу 200 најдобри во Европа се најдоа три руски универзитети: покрај МГУ, тоа се Московскиот физичко-технички институт (МФТИ), кој се наоѓа меѓу 151 и 160 место, а Санкт Петербуршкиот национален истражувачки универзитет за информатички технологии, механика и оптика (ИТМО) – меѓу 191 и 200 место.

Вкупно на списокот од 400 европски установи се најдоа 24 руски високообразовни установи, меѓу кои се Вишата школа за економија, Казанскот федерален универзитет, Националниот истражувачки атомски универзитет МИФИ, Новосибирскиот и Санкт Петербуршкиот државен универзитет и други.

За најдобри универзитети во Европа, според верзијата на THE, се универзитетите во Оксфорд и Кембриџ. Во првата десетка влегоа универзитети од Велика Британија, Германија, Швајцарија и Шведска.

Times Higher Education е неделен магазин посветен на високото образование. Од 2004 година изданието составува рејтинзи на најдобрите високообразовни установи во светот, пренесува „Лента.ру“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња