Московскиот државен универзитет „М.В. Ломоносов“ (МДУ) беше вклучен во листата Топ 100 најдобри универзитети во светот QS World University Rankings, објавен неодамна. На списокот тој се искачува од 108 место во 2016 година до 95 оваа година и е единствената руска високообразовна институција од земјата која се најде меѓу стоте најдобри.
МДУ е основан во 1755 година и е најстариот и еден од најголемите универзитети во Русија. Тој нуди разновидни образовни програми и има еден од најубавите универзитетски комплекси. Освен тоа е и еден од најпознатите универзитети кај младите во Русија, а за да се запишете на него е навистина тешко.
Што можат да научат идните студенти таму и какви можности им нуди универзитетот?
Без разлика дали руските хакери се вмешани во внатрешната политика на САД или не, човек не може да негира дека хакерските способности се познати во целиот свет. Сакаш да видиш дали и ти можеш да се претвориш во господар на сајберпросторот?
Еден од начините е да се запишеш на Факултетот за компјутерска математика и кибернетика на МДУ. Во март 2017 година Студентскиот тим „Бушхакерс“ на МДУ го освои најголемото и најстаро образовно хакерско натпреварување - конкурсот iCTF на Калифорнискиот универзитет, Санта Барбара. Еден месец подоцна тој го освои и првото место на натпреварот по сајбер-безбедноста во Екатеринбург, откако ги совлада меѓународните тимови од Австрија, Германија, Италија и Швајцарија. Кој знае, можеби еден ден и ти може да си еден од „Бушхакерите“!
Постигнувањата на руската вселенска индустрија се познати во целиот свет. Сакаш да си дел од оваа динамична индустрија? Знаеш дека МДУ е единствениот универзитет во светот, кој може да произведува и да лансира сопствени сателити?
Оваа година МДУ отвора нов факултет за вселенски истражувања, во кој ќе се предаваат нешта поврзани со вселената, - од црни дупки до човековото однесување во нулта гравитација. Новиот факултет ќе нуди постдипломски програми и ќе подготвува специјалисти за сателитската програма на МДУ. Во 2018 година универзитетот планира да лансира и додипломска програма.
Минатата година во орбитата беше лансиран најновиот сателит произведен од универзитетот, и сега учениците и академскиот персонал ги анализираат информациите што се добиваат од сателитот. Не пропуштајте ја шансата да аплицираш и да работиш со партнерските организации на кампусот, меѓу кои е и државната корпорација „Роскосмос“.
Сакаш да добиеш едукација на светско ниво во сферата на нуклеарната енергија и физиката? Престани да бараш - аплицирај на Факултетот за физика на МДУ кој има „родено“ 8 носители на Нобеловата награда и над 25.000 физичари.
Специјалистите во оваа тешка област на науката лесно наоѓаат работа во Русија и во светот. Можности за нив има во многу области, вклучувајќи ја академската, здравството, економијата, екологијата и нуклеарната енергија.
Надградувајќи се врз основа на искуството и постигнувањата на најпознатите физичари на Русија, можеш да ги истражуваш гравитационите бранови, нанофизиката, биоинженерингот и теоретската физика. Едно од најинтересните достигнувања на физичарите од МДУ е развојот на нов метаматериал кој овозможува ултрабрз пренос на информациите во наноразмери.
Една од ретките работи кои сигурно вашето си-ви ќе го направат импресивно е знаењето редок јазик. Свахили или тајландски може и да не се широко распространети, но можат да ти помогнат да си најдеш работа во странство или, пак, да патуваш. Кинески, јапонски и хинди не се толку ретки, но се не помалку корисни кога барате работа кај идните работодавци кои бараат професионалци со исклучителни способности.
Институтот за земјите од Азија и Африка (ИСАА) при МДУ е едно од најдобрите места каде можеш да научиш некој о овие јазици. Многу руски политичари, новинари, дипломати, па дури и портпаролот на Путин учеле таму.
Ако си од Кина, Индија или друга азиска или африканска земја, можеш да се запишеш и за специјалната програма на ИСАА за изучување на руски како мајчин јазик. МДУ прифаќа кандидати за групи од по осум или повеќе лица од универзитети или организации. Програмата може да биде направена специјално за потребите и барањата на различните групи.
Сакаш да патуваш низ Русија? Учи биологија и геологија во МДУ! Студентите и академскиот персонал често патуваат и одат на експедиции, за да ги истражуваат природните наследства на големата руска земја.
Овде не само што ќе имаш можност да ги видиш најретките животни во Русија и да научиш нешто за нив, ами и ќе придонесеш за работата на заштита на животната средина.
Ако избереш геологија, може да добиеш и шанса да анализираш новооткриен фосили, како и да научиш како да откриваш наоѓалишта на минерали и да извршуваш сеизмички испитувања.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче