Шојгу: Ситуацијата на границите на Русија се влошува

Министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека ситуацијата на западните граници на земјата има тенденција на влошување поради воената активност на НАТО во Источна Европа и балтичките земји.

Ова рускиот министер го изјави во текот на седницата на колегиумот на воениот ресор на Русија.

„Ситуацијата која се формира на нашите западни граници има тенденција на влошување. Ова е поврзано со зголемувањето на воената активност на земјите на НАТО во земјите од Балтикот. Северноатлантската алијанса го зголемува своето присуство во земјите на Балтикот. Се подобрува инфраструктурата на нивните морски пристаништа, аеродромите и другите воени објекти“, изјави Шојгу, пренесува „Рамблер.ру“.

Тој исто така смета дека воената обука на НАТО до руските граници сведочи за немањето желба да се напушти антирускиот курс.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња