Ловец F-16 на една од земјите на НАТО се обиде да се приближи до авионот на министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу на небото над Балтикот, соопштува ТАСС повикувајќи се на кореспондентот кој се наоѓа во авионот на рускиот министер.
Авијацијата на Северноатлантската алијанса се обиде да го придружува авионот на Шојгу кој леташе за Калининград. Кога еден од авионите F-16 се обидел да се доближи, меѓу нив се појавил руски Су-27 од придружбата на рускиот генерал. Су-27 направил движење при кое го покажал своето вооружување, по што натовскиот авион се повлекол.
Инцидентот се случи над неутралните води на Балтичкото море.
Во Калининград Шојгу ќе одржи состанок на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија. Планираната седница ќе биде посветена на прашања за осигурување на безбедноста на Западниот стратешки правец, пишува „Лента.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче