Почина познатиот разузнавач на КГБ Јуриј Дроздов

Легендарниот началник на советското разузнавање на КГБ во времето на СССР и основач на тајниот одред за специјални намени „Вимпел“ Јуриј Дроздов почина на 92 година од животот.

За смртта на Дроздов соопшти во средата, 21 јуни, прес-службата на Службата за надворешно разузнавање на Русија, пренесува „Взгљад“.

Од ресорот истакнаа дека Дроздов учествувал во низа разузнавачки операции, вклучувајќи ја и операцијата за размена на Рудолф Абел со американскиот пилот Френсис Пауерс во Берлин во 1962 година.

Дроздов е роден 1925 година во Минск. Учесник е во Втората светска војна и во заземањето на Берлин 1945 година. Во 1956 година дипломира на Воениот институт за странски јазици и оттогаш работи во Комитетот за државна безбедност (КГБ).

Претседателот на Русија Владимир Путин испрати телеграма со сочувство до семејството и блиските на Дроздов, во која ја нарече „ненадоместлива загуба“ смртта на поранешниот советски разузнавач, пренесува ТАСС.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња