Алијансата изјави дека кога „секој непознат авион“ се приближува до воздушниот простор на пактот, тогаш „НАТО и националните Воени Воздухопловства се креваат на небо за да ги следат тие летови“. Како што истакнува НАТО, „што се однесува до прашањето за тоа кој бил во авионот, ние препорачуваме да се обратите до руските власти“.
„Нашие дејствија беа стандардни. Обично, кога авионите на НАТО пресретнуваат авион, тие визуелно го идентификуваат, цело време држејќи безбедно растојание“, се вели во изјавата.
Претставникот на Алијансата додаде дека „при завршувањето (на процедурата) ловците на НАТО едноставно се одделуваат (од придружуваниот авион)“.
„Тоа е стандардна процедура, сите наши пилоти се однесуваат безбедно и на одговорен начин“, додаде тој.
НАТО додава дека минатата недела Алијансата „следеше необично голем број на руски воени авиони над Балтичкото море“.
„Меѓу нив имаше стратешки бомбардери, ловци, авиони-извидувачи, транспортни и други авиони“, се вели во изјавата што ја пренесува „Газета.ру“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче