Министерството за правда на Русија ќе ја обжали одлуката на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) со која се прогласува за дискриминаторски рускиот закон за забрана на геј-пропаганда, се вели во соопштението објавено во вторникот на сајтот на министерството.
Министерството смета дека одредбите на голем број регионални закони за забрана за пропагандата на нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетници не се во спротивност со меѓународната пракса и се насочени исклучиво кон заштита на моралот и здравјето на децата.
„Соодветните акти не воспоставуваа некакви мерки кои имаат за цел забрана на хомосексуализмот или негово официјално негирање, не содржеа знаци на дискриминација и според својата смисла не им овозможуваа прекумерни активности на органите на јавната власт“, се истакнува во соопштението на Министерството за правда на РФ, пренесува „Лента.ру“.
Во рок од три месеци Министерството за правда на Русија заедно со државните органи ќе ја формулира правна позиција на Русија за поднесување жалба до Големиот судски совет на ЕСЧП.
На 20 јуни Европскиот суд за човекови права донесе одлука за случајот „Баев, Кисељов и Алексеев против Русија“. Судот утврди дека биле повредени правата на наведените граѓани на изразување на своето мислење и ја обврза руската влада да им исплати околу 49 илјади евра како надомест за морална и материјална штета и надомест на трошоците. ЕСЧП смета дека иако руските закони за забрана на геј-пропагандата се насочени пред сѐ кон заштита на децата, нивната примена имала произволен карактер.
Законот за забрана на пропагирање на нетрадиционални сексуални односи меѓу малолетници беше усвоен во Русија во 2013 година. На прекршителите им се заканува парична казна во износ од еден милион рубли (повеќе од 15 илјади евра).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче