САД финансираат борба против законот за забрана на геј пропаганда во Русија

Американските фондови издвоија стотици илјади долари за борба против законот за забрана на ЛГБТ пропаганда меѓу малолетниците во Русија, а соодветен извештај подготви добротворната организација „Руски фонд на слободата“. Руските политиколози се сигурни дека вистинската цел на ова финансирање сепак не е помош за претставниците на малцинствата.

Минатата година „Руски фонд на слободата“, односно американската добротворна организација која ја поддржува ЛГБТ заедницата, издвои 54 грантови во вредност од 2 милиони долари за поддршка на активисти, политичари, правници и новинари во Русија со задача да го „променат јавното мислење за ЛГБТ заедницата“ со помош на пропаганда и културни настани. Повеќе од 200 илјади долари се потрошени за борба против законот „За забрана на пропагирање хомосексуализам во Русија, пренесува RT.

Но вистинските цели на наведената организација можат да бидат сосем поинакви. Деканот на факултетот за политикологија при Финансискиот универзитет при владата на РФ Александар Шатилов смета дека лобистите се обидуваат да ги „растресат“ Русите и да ги свртат против актуелните власти.

„САД се занимаваат со диверзантски активности, се маскираат со грижа за хомосексуалците. Всушност, тие сакаат раскол во руското општество, сакаат да ја променат свеста на граѓаните“, убеден е политикологот.

„Американците се обидуваат да го пренесат својот модел на живот на руското општество, но забораваат на тоа дека ние поинаку ги сфаќаме и доживуваме моралните вредности. Додека не смислат како да ја впишат идејата за хомосексуални врски во рускиот менталитет, никакви пари нема да им помогнат“, вели политикологот Николај Шљамин.

На територијата на Русија се активни неколку слични непрофитни организации, на пример Федерацијата на ЛГБТ спортот на Русија, Руската ЛГБТ мрежа, филмскиот фестивал „Бок о бок“ (рамо до рамо) и регионалната иницијативна група „Максимум“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.