Сериското производство на најновиот руски тенк Т-14 „Армата“ треба да започне по неговата пробна експлоатација во војската, планирана за 2019 година. Ова го соопшти вицепремиерот на Русија Дмитриј Рогозин на состанокот за текот на реализациите на портфолиото на нарачки за „Уралвагонзавод“.
„Се надевам денеска раководството на „Уралвагонзавод“ ќе потврди дека 2019 година е веќе почеток на пробната експлоатација во војската на „Армата“, т.е. тенкот веќе ќе пристигне на воените полигони, а понатаму во серија“, изјави Рогозин, пренесува „Известија“.
Вицепремиерот исто така изрази надеж дека најновиот тенк ќе им служи на Вооружените сили на РФ со децении, како тенкот Т-72.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче