„Во врска со 140-та годишнината од крајот на Руско-турската војна 1877-1878 и ослободувањето на Бугарија, шефот на државата го покани неговиот руски колега во официјална посета на земјата во 2018година“, се вели во соопштението.
Се истакнува дека рускиот претседател од своја страна се заблагодари на Радев за поканата и ја прифати. Точниот датум на посетата ќе биде договорен помеѓу страните и објавен подоцна.
Радев исто така му го честиташе на претседателот ан РФ и целиот руски народ неодамнешниот Ден на Русија.
„Во текот на дваесетминутниот разговор кој се одржа на иницијатива на бугарскиот претседател, беше истакната длабоката историска и духовна врска на бугарскиот и рускиот народи“, се вели во соопштението што го пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче