Бугарија подготвена да ги укине санкциите против Русија

Бугарскиот претседател Румен Радев се залага за укинување на санкциите против Русија.

Претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека е подготвен да го поддржи укинувањето на антируските санкции, но и дека тој самиот не може да го иницира тој процес.

„Со задоволство ќе ги поддржам сите дејствија за укинување на тие санкции, но треба да биде јасно дека претседателот самостојно не може да иницира такви дејствија“, изјави Радев во интервју за телевизијата БТВ.

Тој истакна дека механизмот на ЕУ е изграден на тој начин што дури и една земја може да го почне процесот за укинување на санкциите и порано или подоцна тоа ќе се случи, затоа што заемните мерки на ограничување нанесуваат само штета, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња