Лавров: Mосква е подготвена за обнова на соработката со Париз

Во вторникот се одржа средба меѓу шефовите на дипломатиите на Русија и Франција Сергеј Лавров и Жан-Ив Ле Дриан.

Во текот на разговорите меѓу Лавров и Ле Дриан, рускиот министер изјави за подготвеноста на Москва за обнова на соработката со Париз.

„Ние, од руска страна, сме подготвени да ја почнеме работата на оние механизми на меѓудржавната соработка кои беа замрзнати последниве четири години“, изјави Лавров, пренесува „Комсомолскаја правда“.

Според него, во текот на разговорот тој дискутирал со својот колега за трговско-економската соработка меѓу Русија и Франција. Притоа страните се договориле да ја зголемат трговската размена.

Од своја страна, францускиот министер изјави дека Париз не се стреми кон изолација на Русија.

„Ние не се стремиме ни кон изолација на Русија од Европа, ни кон финансиско и економско ослабување на Русија. Ние имаме намера да работиме конкретно, прагматично на решавање на оние проблеми кои удираат и врз интересите на Русија, и врз интересите н Франција“, изјави Ле Дриан, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња