Макрон: Ниту еден важен меѓународен проблем не може да се реши без Русија

Францускиот лидер Емануел Макрон по средбата со рускиот претседател Владимир Путин во Париз ја истакна важноста на Русија во современиот свет.

Претседателот на Франција Емануел Макрон ја потенцираше важноста на Русија во современиот свет.

Тој го изјави ова по разговорите со рускиот претседател Владимир Путин.

"Ниту еден важен проблем во светот не може да се реши без учество на Русија“, изјави Макрон.

Тој, исто така, изрази желба за зајакнување на соработката со Русија за Сирија. Според Макрон, за излез од кризата во Сирија „неопходно е да се бара инклузивно политичко решение“.

Францускиот лидер, исто така, потенцираше дека за време на состанокот „потсетил на тоа кои се приоритетите на Франција“. „Мислам дека можеме да работиме на овие прашања заедно“, рече тој.

За време на состанокот тие разговараа и за ситуацијата во Украина. Францускиот претседател рече дека Москва и Франција се за одржување во најскоро време на  средба во „Нормандиски формат“ (Германија, Франција, Русија, Украина). „Подробно разгледавме различни детали на ситуацијата во Украина и реализацијата на Минскиот процес. Се изјаснивме дека во најскоро време треба да се одржи размена на мислења во „Нормандиски формат“.  

Шефот на француската држава му се заблагодари на Путин за посетата на Франција. Преговорите на лидерите траеја 2 часа и 45 минути, пренесува ТАСС.


 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња