Кремљ не ја коментира можноста за отворен судир меѓу Русија и САД во Сирија

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков истакна дека ситуацијата „поврзана со дејствијата на коалицијата (предводена од САД) предизвикува многу сериозна загриженост“.

Кремљ не ја коментира можноста за прераснување на ситуацијата во Сирија во отворена конфронтација меѓу Русија и САД во таа земја.

„Ќе го оставам ова без коментар“, изјави портпаролот на претседателот на РФ Дмитриј Песков, одговарајќи на прашањето дали Кремљ се плаши дека ситуацијата во Сирија ќе доведе до отворен судир меѓу Москва и Вашингтон.

„Ситуацијата, несомнено, поврзана со дејствијата на коалицијата (предводена од САД) предизвикува многу сериозна загриженост“, додаде тој.

Песков исто така го префрли прашањето до Министерството за одбрана за тоа под кои услови Москва е подготвена да ја обнови соработката со САД според Меморандумот за спречување на инциденти и осигурување на безбедноста на летовите на авијацијата, прекинат поради соборувањето на сирискиот Су-22 од страна на меѓународната коалиција, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња