Русија излегува од Меморандумот за безбедно небо над Сирија

Министерството за одбрана на Русија од 19 јуни ја прекинува соработката со САД во рамките на меморандумот за спречување на инциденти на небото над Сирија.

Министерството за одбрана на Русија истакнува дека операциите на авијацијата на САД против официјален Дамаск претставуваат најгрубо кршење на меѓународното право, како и воена агресија врз Сирија.

„Згора на тоа, во воздушниот простор на Сирија во наведениот временски период авиони на руските ВКС извршуваа задачи. Сепак командата на коалициските сили не го употреби постојниот канал за врска меѓу воздушните команди на воздухопловната база Ел Удејд (Катар) и воздухопловната база Хмејмим за спречување на инциденти во воздушниот простор на Сирија“, потенцира рускиот воен ресор, пренесува RT.

Министерството додава дека таквите дејствија се сметаат за свесно неисполнување на своите обврски во рамките на Меморандумот за спречување на инциденти и осигурување на безбедноста на летовите на авијацијата во текот на операцијата во Сирија од 20 октомври 2015 година.

„Министерството за одбрана на Руската Федерација од 19 јуни ја прекинува соработката со американската страна во рамките на Меморандумот за спречување на инциденти и осигурување на безбедноста на летовите на авијацијата во текот на операциите во Сирија и бара детална истрага од американската команда со презентирање на нејзините резултати и преземените мерки“, се вели во изјавата.

Според рускиот воен ресор, во иднина на подрачјето на извршување на борбените задачи од страна на руската авијација на небото над Сирија сите воздушни објекти на меѓународната коалиција западно од реката Еуфрат ќе бидат придружувани како воздушни цели.

Претходно Министерството за надворешни работи на Русија го нарече соборувањето на ловецот на сириската воена авијација од страна на САД „чин на агресија“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња