Европа се залага против притисок на САД врз европските компании кои учествуваат во заеднички проекти со Русија за испорака на гас на европскиот пазар. Ова во вторникот го изјави канцеларот на Австрија Кристиан Керн на Австрискиот глобален самит за заштита на климата, пренесува ТАСС.
„Гасот треба да биде технологијата која ќе го поврзе преминот кон чистата енергија, не треба да се надеваме на јагленот. Жално е што Сенатот на САД минатата недела донесе одлука да ја прошири заканата за санкции врз сите претпријатија кои учествуваат во заеднички енергетски проекти со Русија. Конкретно се работи за изградбата на новите гасоводи кои треба да ги компензираат намалувањето на истражувањето и црпењето во Северното море“, потенцира Керн.
„Не можам да прифатам таков пристап. Европа треба самостојно да решава како да ги покрива своите енергетски потреби. За нас е важно во претпријатијата да има обезбедени работни места. И ние не го прифаќаме законот, поддржуван од американскиот Сенат, кој смета дека испораките на течен природен гас од САД треба да најдат нов пазар за продажба во Европа“, истакна австрискиот канцелар.
Според него, „не смеат да се промовираат политичките интереси по економски пат“. „Ние ќе се штитиме и ќе ги имаме предвид европските, австриски интереси“, заклучи Керн.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче