Берлин не сака воведување санкции за замена на рускиот гас со американски

Министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел повторно ги критикува најавените нови американски санкции против Русија.

Плановите на Вашингтон да воведе нови санкции против Русија се закана за единството на Вашингтон и Брисел во однос на рестриктивните мерки против Москва, изјави министерот за надворешни работи на Германија Зигмар Габриел.

Според Габриел, зачувувањето на единството на ЕУ и САД во однос на Русија „нема да успее ако во САД биде преземен обид сопствените економски интереси да се измешаат со надворешната политика“, пренесува „Взгљад“.

Шефот на МНР на Германија потенцира дека ЕУ самостојно донесува одлуки во сферата на енергетиката. Тој ја нарече недопустлива примената на санкции за да се исфрли рускиот гас од пазарот и да се замени со американски.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња