Ова на првиот ден од работата на меѓународниот авиокосмички салон во Ле Бурже го соопшти првиот човек на Федералната служба за воено-техничка соработка Дмитриј Шугаев.
Според него, во моментов на страните им е важно да го договорат техничкиот аспект на хеликоптерите. Шугаев потенцира дека „таа работа е тешка“, „затегната“, пренесува РИА „Новости“.
Египет планира да ги купи хеликоптерите за нивно распоредување на носачите на хеликоптери од класата „Мистрал“. Претходно Каиро купи два такви брода кои Франција ги изгради по руска нарачка, но сепак не ѝ ги испорача на Москва поради заострувањето на ситуацијата во Украина.
Хеликоптерот Ка-52„Алигатор“ е модификација на јуришниот хеликоптер Ка-50 „Црна Ајкула“. Наменет е за откривање и распознавање на различни објекти, подвижни и неподвижни копнени цели, уништување на оклопна техника, хеликоптери и нисколетечки малобрзински авиони на противникот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче