Оливер Стоун: Син ми работи за RT, но не е руски агент

Американскиот режисер Оливер Стоун изјави дека неговиот син работи за телевизијата RT.

Стоун беше прашан дали неговиот син е поврзан со интервјуто кое режисерот го имаше со претседателот на Русија Владимир Путин, пренесува „Взгљад“.

Стоун потврди дека неговиот син навистина работи за RT. Сепак, тој се вработил пред шест-седум години, кога проектот за интервју со Путин сѐ уште не постоел, така што „нема никаква заемна поврзаност“, соопшти режисерот.

„И тој не е руски агент“ изјави Стоун.

Според неговото мислење, RT презентира интересни материјали: „Кореспондентите одат на бојните полиња, прават итни репортажи, многу работат“.

Одговарајќи на прашањето дали Стоун се однесува спрема Путин со симпатија, режисерот одговори: „Со интерес“. Стоун ја нарече „голем чекор“ средбата со претседателот на Русија.

„Ние ја демонизиравме Русија до таа мера што речиси е невозможно да зборуваме. Трамп е притеран до ѕид поради истрагата. Тоа е срам, затоа што ние треба да разговараме“, истакна Стоун, кој „би сакал да види ние (САД и Русија) да почнеме да разговараме и да се разбираме едни со други“.   

Стоун потенцира дека Путин е „навистина подготвен за комуникација“, иако во САД постои „тенденција априори да го критикуваат“. Стоун изјави дека не може „да го смени мислењето“ на рускиот претседател, но затоа може „да им го покаже“ на жителите на САД.

Според Стоун, Американците треба да го слушнат мислењето на Путин, дури „и ако тие го отфрлат и дури ако не сакаат да го слушнат“.

„Би сакал да видам некакво олабавување на тензиите или пак разбирање (во односите на Русија и САД)“.

Претходно Стоун изјави дека дискусијата за филмот „Интервјуата со Путин“ во американскиот печат личи на неделниот фестивал на омраза од романот-антиутопија на Џорџ Орвел „1984“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња