Министерството за вонредни состојби на Русија ѝ нуди помош на Португалија

Министерството за вонредни состојби на Русија изјави за подготвеноста да ѝ даде помош на Португалија во борбата со пожарите, соопшти прес-службата на министерството.

„Од името на МВС на Русија изразувам сочувство во врска со природните пожари кои настанаа на територијата на Португалија. Силите и средствата на МВС на Русија се подготвени да дадат помош во борбата со природните пожари“, се вели во телеграмата на првиот човек на МВС на Русија Владимир Пучков до министерот за внатрешна администрација на Португалија Констанца Урбан де Соуза, пренесува „Газета.ру“.

Претходно беше соопштено дека претседателот на Русија Владимир Путин испратил до својот португалски колега Марсел Ребел ди Соза телеграма со сочувство во врска со многубројните жртви во пожарите во земјата.

Во Португалија на 19 јуни е прогласена тридневна жалост за жртвите во пожарите. Според првичните податоци, во пожарите загинаа 62 лица.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња