Меркел ја поддржува критиката на новите американски санкции против Русија

Канцеларката на Германија Ангела Меркел смета дека е невозможно да се мешаат економските интереси и американските санкции, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

Канцеларката на Германија Ангела Меркел ја дели критиката на германскиот шеф на дипломатијата Зигмар Габриел и канцеларот на Австрија Кристиан Керн, кои ги осудија новите санкции на САД против Русија, изјави портпаролот на германската влада Штефан Зајберт.

„Можам да ви кажам дека мислењето на канцеларката и предложената вчера изјава на шефот на МНР на Германија и канцеларот на Австрија се наоѓаат во целосна соодветност едно со друго. Канцеларката ја споделува вознемиреноста изразена во тој текст“, изјави Зајберт. 

Тој исто така истакна дека канцеларката смета дека е невозможно да се мешаат економските интереси и американските санкции, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња