Белата куќа реагира на „заканата на Русија“ за соборување авиони на САД

Портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер ги коментираше соопштенијата на западните медиуми за наводната закана од Русија дека „ќе соборува американски авиони“ во Сирија.

Според зборовите на портпаролот Спајсер, САД ќе го прават она што треба да го прават за заштита на своите интереси, соопштува новинарот на „Њујоркер“ Адриан Карасквило на својот „Твитер“.

Денес западните медиуми на свој начин ја протолкуваа изјавата на руското Министерство за одбрана за нападот на САД врз авионот на ВВ на Сирија, во која се зборуваше за придружување на авионите на меѓународната коалиција од страна на руските средства за ПВО. Според мислењето на западните медиуми, МО на РФ се заканило дека ќе соборува американски авиони: „придружување од воздушни средства за ПВО“, кое медиумите го сметаат за закана, во реалноста значи примена на ловци-пресретнувачи.

„Сега ако во зоната на одговорност на руските ВКС се појавуваат туѓи летала, тогаш нашите ловци ќе полетуваат за да ги пресретнат“, објасни поранешниот заменик-командант на ВВС ан Русија генерал-потполковник Ајтеч Бижев. 

Во неделата беше соборен Су-22 на сириското Воено воздухопловство. Пилотот беше спасен. Од коалицијата на САД изјавија дека нападот бил извршен во самоодбрана. Потоа Министерството за одбрана на Русија ја прекина соработката со Вашингтон во рамките на меморандумот за спречување инциденти на небото над Сирија.

Шефот на американскиот Генералштаб Џозеф Данфорд по прекинот на важењето на меморандумот изјави дека за разрешување на ситуацијата се потребни итни контакти на ниво на дипломати и војска, пишува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.