Во интервјуто за „Росијскаја газета“, Стоун е убеден дека Путин е приврзан на меѓународниот поредок.
„Путин е приврзан на меѓународниот поредок. Тој постојано го повторува тоа, концептот на фундаменталноста на законот, меѓусебното разбирање меѓу земјите, засновано на суверенитетот, независно дали е тоа Ирак, Либија, Сирија или друга држава на Блискиот Исток“, изјави режисерот, потсетувајќи дека Путин е правник по струка.
Исто така, според Стоун, за рускиот претседател клучната улога ја играат „законот и редот“.
„Без оваа основа, ако САД дејствуваат во униполарен свет, а поточно кажано дејствуваат еднострано, ги постигнуваат само своите цели, тоа би го нарушило постојниот светски поредок. Тој (Путин) сака да го врати тој поредок“, додаде режисерот.
Покрај тоа, Стоун не се согласува дека Путин сака „да го обнови СССР“.
„Тој не се стреми кон експанзија на Русија. Никогаш не чув тој да зборува за тоа, за некакви потези во странство. Тој ги прифати новите граници на Русија, иако 25 милиони Руси останаа во странство“, изјави режисерот, имајќи ги предвид информациите кои ги наведе претседателот на Русија во „Интервјуата со Путин“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче