МНР на РФ: политиката на САД спрема Куба е навраќање кон „студената војна“

Министерството за надворешни работи на Русија официјално ја коментираше одлуката на претседателот на САД Доналд Трамп да се откаже од нормализација на односите со Куба.

Како што се наведува на сајтот на МНР на Русија, одлуката на Трамп го враќа светот на реториката на студената војна.

„Објавената од страна на претседателот на САД Доналд Трамп нова линија во однос на Куба нѐ враќа на веќе подзаборавената реторика во стилот на студената војна. Ваквиот пристап го карактеризираше односот на САД кон Куба  неколку децении. Кога претходната администрација во Вашингтон внесе суштински промени во курсот кој се однесуваше на островот, ние не без основа сметавме дека тоа не беше толку манифестација на добра волја на одделни политичари, колку одраз на неуспехот на политиката на диктат и санкции против оваа мала и слободољубива држава“, се вели во соопштението.

Според мислењето на МНР на РФ, обидите да се работи со Куба во арогантен стил се без перспектива и Русија од своја страна ја изразува својата солидарност со Куба.

„Ние сме против ембарго, блокади, санкции и линии на поделба. Ние сме за дијалог, соработка и градење на мостови, комуникација без диктат и обиди за мешање однадвор во внатрешните работи на суверените држави“, се вели во соопштението.

Одделно МНР на Русија потсетува дека огромното мнозинство земји гласаа за резолуцијата за антиблокада на Генералното Собрание на ОН, што е одраз на позицијата на меѓународната заедница во однос на ова прашање, пренесува RT.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња