„Ќе потсетам дека една од главните претензии на Вашингтон спрема Москва беше „непредвидливоста“ на Русија. Токму со тоа САД ја плашеа Европа, меѓу другото обесхрабрувајќи го Брисел од енергетска соработка со Москва“, напиша Захарова на „Фејсбук“.
Таа истакна дека во текот на изминатите децении секоја нова администрација на САД се откажува од принципиелните надворешнополитички одлуки на претходната.
„Единствената предвидлива карактеристика на американската надворешна политика одамна стана нејзината целосна непредвидливост. Не, има уште едно - вечното мешање во внатрешните работи на суверените држави“, изјави портпаролот на руското МНР.
Според Захарова, раководството на Куба „веднаш ја предвиде длабочината на маневрите на Барак Обама од спектакуларното истоварување на специјални бродови на островот до обидот да се потчукне Раул Кастро по рамо, сфаќајќи ја целата изрежираност на моментот“.
„Куба не мора да се навикнува – таа одамна го знае лицето на соседот“, заклучува Захарова, пренесува RT.
Претходно Трамп соопшти дека се откажува од политиката на Обама за нормализација на односите со Куба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче