Русија го победи Нов Зеланд на отворањето на Купот на конфедерации

Фудбалската репрезентација на Русија го победи Нов Зеланд во првиот натпревар на Купот на конфедерации во Санкт Петербург.

Средбата меѓу Русија и Нов Зеланд заврши со победа на Русите од 2:0. Во 31 минута автогол си постигна капитенот на Нов Зеланд Мајкл Боксол. Во 69 минута резултатот го зголеми Фјодор Смолов, соопштува „Лента.ру“.

Русите освоија 3 бода од овој натпревар и се на чело на групата А. Покрај тимот на екипата на селекторот Станислав Черчесов и Новозеланѓаните, во групата се и Португалија и Мексико.

На 18 јуни ќе се одржат следните 2 меча од групната фаза – во Казањ ќе се сретнат екипите на Португалија и Мексико, додека во Москва ќе играат Камерун и Чиле.

Купот на конфедерациите се одржува во Москва, Санкт Петербург, Казањ и Сочи од 17 јуни до 2 јули.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња