„Индепендент“: Зошто новинарите го обвинуваат Трамп за „врски“ со Русија

Мери Дежевски, аналитичар на британскиот весник „Индепендент“, истакнува дека не е сосем јасно дали непријателите на Трамп навистина мислат дека неговата политика спрема Москва ги загрозува интересите на Вашингтон.

Повеќето американски новинари се однесуваат спрема претседателот на САД Доналд Трамп со нескриен презир и ги користат „врските со Москва“ за да издејствуваат заминување на лидерот на САД од власт, пишува Мери Дежевски за „Индепендент“.

Според неа, претставниците на високите кругови и новинарите би сакале да се „ослободат од Трамп“, но тоа не е толку едноставно за изведување. Притоа особено ги иритира желбата на Трамп да ги подобри односите со Русија, нешто што токму непријателите на американскиот претседател го користат, пренесува „Взгљад”.  

Дежевски истакнува дека не е сосем јасно дали непријателите на Трамп навистина мислат дека неговата политика спрема Москва ги загрозува интересите на Вашингтон или Русија, која и понатаму предизвикува страв кај Американците, ја користи како „палка“ против американскиот лидер.

Авторските права на материјалите се во сопственост на редакцијата. При објавувањето на материјали од порталот „Руска реч на македонски“ во друг медиум, задолжително треба да се постави активен линк кон страницата од која е преземен текстот.
+
Лајкнете нѐ на Фејсбук.