Трамп: Седум месеци никој не може да го докаже мојот „заговор“ со Русија

Претседателот на САД Доналд Трамп смета дека е тажна ситуацијата во врска со истрагите што се водат против него по повод „руската вмешаност“ во изборите во 2016 година.

Претседателот на САД Доналд Трамп констатира дека многубројните истраги за наводниот заговор во текот на американската предизборна кампања меѓу неговото опкружување и Русија не довеле до откривање на докази.

„По седум месеци истраги и сослушувања во комитетите (на Конгресот) околу мојот „заговор со Русите“ никој не успеа да покаже каков било доказ. Тажно!“, напиша Трамп на „Твитер“, пренесува „Интерфакс“.

Истраги по повод наводната руска вмешаност во американските избори во 2016 година водат неколку комитети во Конгресот на САД и ФБИ. Покрај тоа, во мај 2017 година, по налог на Министерството за правда на САД, посебна истрага поведе поранешниот директор на ФБИ Роберт Милер.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња