Во Русија почнува Купот на конфедерации во фудбал

Првпат во историјата Русија е домаќин на ова натпреварување.

Во 16:00 по московско време во Санкт Петербург ќе почне церемонијата на свеченото отворање на турнирот. Во 18:00 часот свирежот на судијата ќе го означи стартот на првиот натпревар на турнирот помеѓу репрезентациите на Русија и Нов Зеланд. Се очекува на мечот да присуствува и претседателот на РФ Владимир Путин.

Следниот ден во Москва ќе играат репрезентациите на Камерун и Чиле, а на „Казањ Арена“ во Казањ ќе истрчаат фудбалерите на Португалија и Мексико. Натпревари од купот, исто така, ќе се играат и на олимпискиот стадион „Фишт“ во Сочи.

На Купот на конфедерации ќе се користи и системот за видео-повторување - првпат на толку голем турнир.

Стадионите кои се домаќин на натпреварите од купот, беа подложени на сериозно реновирање и сега ги задоволуваат најсовремените стандарди.

Купот на конфедерации се одржува една година пред Светското фудбалско првенство и затоа се смета за сериозен тест, соопштува НТВ.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња